Протестите против рудниците се селат пред Влада
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2017
Граѓаните од југоисточна Македонија протестите ќе ги преселат во Скопје пред Владата на Република Македонија заедно со поддршка од сите граѓани кои се против изградбата на планираните рудници со што може да се загрози животната средина, здравјето на луѓето и чистата земјоделска почва која е главен извор на финансии за многу семејства.
Организаторите кои повикаа на протестен марш велат дека и покрај тоа што живеат во Скопје, негативните последници од рудниците ќе ги чувствуваме и ние, и дека рудниците се проблем на целата земја! Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот!
Тие апелираат за солидаризирање со нашите сограѓани, да искажеме став против, и да побараме итно сопирање на изградбата на рудникот! Собирот ќе биде пред Влада на Република Македонија, каде што ќе одржи протестот и директно ќе се достави барање за мораториум на сограѓаните од Југоистокот!
Во нивниот повик за протест стои и пораката за сите коишто сакаат да бидат дел од протестот, да донесат транспаренти, пораки и за стопирање на рудниците на смртта!
Утрешниот протестен марш се организира од страна на Плоштад Слобода, со почеток во 12 часот пред Влада.