17 Мај, 2024
0.0283

ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН: државни субвенции за занаетчиите до 1.000 евра

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за економија објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчиите, соопштија од ресорот на министерот Крешник Бектеши. 

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање до 60 отсто од докажаните  трошоци, но не повеќе од 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали.

„Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија, за оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 20.000.000 денари. Согласно јавниот повик, со оваа мерка ќе бидат кофинансирани докажаните трошоци за набавки направени во 2020 година“, велат од Министерството за економија.

Право на учество на овој Јавен повик имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат следните услови: да имаат деловно седиште на територијата на земјава, да имаат најмногу 5 (пет) вработени на неопределено работно време, да имаат намирени обврски кон државата и вработените.

Еден апликант може да користи субвенција само еднаш по овој јавен повик.

Разгледувањето и  изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот “Прв дојден, прв услужен“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на апликациите во архивата на Министерството, сѐ до исцрпување на предвидените средства.

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 27.11.2020 година, до 14:00 часот.

Детали за јавниот повик и начинот на аплицирање може да најдете на веб-страната на Министерството за економија: http://www.economy.gov.mk/doc/2856 .

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија