19 Мај, 2024
0.0262

ПРВА АКЦИОНЕРСКА ЖРТВА НА КОРОНАКРИЗАТА - се преполови дивидендата на „Тетекс“

Објавено во: Финансии, Корона Вирус 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Кризата со коронавирусот двојно им ја намали дивидендата на акционерите на „Тетекс“. Тие, поради новонастанатата состојба ќе добијат преполовена дивиденда во споредба со онаа што претходно планираа да ја поделат. 

Односно, ако според првичните планови акционерите требаше да земат вкупна дивиденда од 486,4 илјади евра, тие сега ќе поделат дивиденда на вкупен износ од 246,9 илјади евра.

А наместо тоа, значајно ќе се зголеми износот на нераспоредената добивка, односно наместо 12,4 илјади евра, тој оди нагоре на дури 251,9 илјади евра.

Одлуките ќе се донесат на Собранието на акционери што ќе се одржи на 7 април годинава.

Причина, како што известува компанијата, е новонастанатата ситуација со коронавирусот.

Еве што е наведено од компанијата во известувањето што е пратено до Берзата.

Заради прогласувањето пандемска епидемија од страна на Светската здравствена организација за нов вид вирус КОВИД - 19 кој е проширен на сите континенти и ја зафати Република Северна Македпнија, како и во кпнтекст на Одлуката на Владата за утврдување постоење на вонредна состојба, битно се изменија условите на работење на економските субјекти во државата, и воедно и на Тетекс АД Тетово. Поради тоа и Одборот на директори во согласнпст со сите уредби со законска сила, одлуки и препораки на Владата, на својата седница одржана на 23 март донесе Одлука за измена на одлуката за распоред на добивка по завршна сметка за 2019 година, во која износот што се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции се намалува од 29.912.672 денари - на 15.186.408 денари, а износот на нераспоредената добивка се зголемува од 765.445 денари на 15.491.709 денари“, се вели во известувањето. 

Исто така, се носи одлука за измена на одлуката за исплата на дивиденди, со која висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 1,18 отсто од номиналната вредност, односно 36,667 денари бруто по акција.

Инаку, и покрај намалувањето на дивидендите, директорот на „Тетекс“ Глигорие Гоговски, не си скратува од својот надоместок, па тој ќе остане ист како што и претходно се планирало да го добие, односно 26,3 илјади евра.

Ова може да се види од тоа каква одлука планира да донесе „Тетекс“ на акционерското собрание.

Оттаму навеле дека добивката по оданочување на компанијата да изнесува 552,7 илјади евра или 33.992.374 денари. Еве како планираат, односно предлагаат да се распореди остварената добивка. 

Прво, износ што се внесува во законски резерви на Друштвото е 27,6 илјади евра, односно 1.699.619 денари.

Второ, износот што се исплатува по Договор за уредување на односите меѓу Друштвото и Генералениот директор е 26,3 илјади евра или 1.614.638 денари.

Трето, износот што се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции, кој ќе тежи 246,9 илјади евра или 15.186.408 денари.

И четврто, износ на нераспоредена добивка од 251,9 илјади евра или 15.491.709 денари. 

А седницата на собранието ќе почне во 9, наместо во 12 часот како што претходно било наведено во јавниот повик, поради мерките за ограничување на движењето поради коронавирусот. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат