05 Мај, 2024
0.0264

Прва македонско-турска телевизиска копродукција на новогодишна музичка програма

Објавено во: Стил 06 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во Битола на сцената на Центарот за култура деновиве заврши снимањето на првата македонско-турска телевизиска копродукција на новогодишна музичка програма. Овој телевизиски проект го реализираат Тера Телевизија од Битола и Тек Румели ТВ од Истанбул, Турција, телевизија која со својата програма го покрива речиси целиот Балкан. Новогодишната музичка програма на гледачите на Тера Телевизија и на турската телевизија Тек Румели ќе им понуди скоро двоиполчасовна музичка разгледница од македонската и турската музичка сцена со популарните Љубојна и Фонтана и пејачите Гамзе Матраџи и Меџит Шенол кое се популарни на турската музичка сцена, но и пошироко во регионот.