05 Мај, 2024
0.0281

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето велосипед или тротинет и која веќе има над 3.000 корисници кои обезбедија над 900 дрвја што банката треба да ги засади во наредниот период, на десетте најактивни корисници веќе им донесе вредни подароци – тротинети и  велосипеди. На петмина од нив кои најмногу ја користеле апликацијата и веќе собраа по 2000 HalkCoins им беа доделени првите тротинети, а на петмина со по 1500 HalkCoins, велосипеди.

Наградите на активните корисни на апликација им беа врачени од Д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, кој истакна: „Бројноста на корисници на апликација, брзината со која се зголемува бројот на дрвја што треба да бидат засадени и обемноста на заштедата на емисијата на штетните гасови, навистина нè мотивира и нè поттикнува за уште поинтензивна интеракција со граѓаните во обезбедување чист воздух и заштита на животната средина. Затоа, во свое име и во име на Халкбанк им благодарам на граѓаните што нè поддржаа во оваа иницијатива и со секојдневното користење на апликација HalkEco и својата физичка активност придонесуваат за почист воздух и поздрава животна околина за сите нас. Им честитам на добитниците на наградите и им посакувам уште многу изминати километри.”

Апликацијата HalkEco, која беше промовирана минатиот месец, наиде на голема поддршка на сите оние кои на овој начин сакаат да придонесат за намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 73.000 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, со што ја намалија емисијата на штетни гасови за 9414 CO2 кг и обезбедија 913 нови дрвја.

Мобилната апликација HalkEco има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивните заложби, Халкбанк засадува дрвја, со што заедно придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, банката ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

Истовремено сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци, според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Халкбанк веќе ја спроведе првата акција и ги засади првите 152 дрвца. Од нив 40 садници се засадени во дворот на скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, а останатите 112 во училишните дворови на основни училишта низ повеќе градови. Ова беше прва акција на Халкбанк за засадување дрвја, по лансирањето на апликација и истата е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“. Садењето на нови дрвја ќе продолжи и во иднина на локации каде е потребно пошумување.

Халкбанк како ЕКО ориентирана компанија, во последните 8 години има финансирано повеќе од 6.000 вакви проекти во износ од 36,6 милиони евра. Досега, намалена  емисијата на јаглероден диоксид е за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ