ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО КОСОВО: Еве кој доби најмногу гласови
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2017
Tелевизија „Клан Косова” објави дека коалицијата меѓу Демократската партија на Косово, „Сојуз за иднината на Косово” и „Иницијатива за Косово” добиле 40% од гласовите на избирачите, а изненадувачки е пласманот на „Самоопределување”, кое е на второ место со 30%.
На трето место се наоѓа коалицијата меѓу „Демократска лига за Косово”, „Сојуз ново Косово” и „Алтернатива” со 27% поддршка.
При претставувањето на резултатите беше истакнато дека тие може да не се целосно точни, а веројатноста на грешката на екзит-полот изнесува 1,5%.
Граѓаните на Косово денеска гласаа на предвремени парламентарни избори. Вкупно 19 партии, пет коалиции и две граѓански иницијативи се бореа за поддршката на 1,8 -те милиони регистрирани гласачи. Со исклучок на неколку мали инциденти, изборниот процес во неделата помина непречено и избирачките места се затворија во 19 часот. Скоро 30.000 набљудувачи – домашни и странски, го следеа изборите.