17 Мај, 2024
0.0321

Бидна браната Кнежево, но дали не можеше и порано?

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“ заврши. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава.

Браната е висока 75 метри, во основа широка е 300 метри и со должина на акумулацијата од 4 километри, со максимална можност да акумулира 23,5 милиони метри кубни вода. Седумдесет милиони евра се обезбедени преку кредит од Јапонската агенција за меѓународна соработка „Џајка“, а 25 милиони од Владата на Република Македонија.

Според премиерот Никола Груевски со релизацијата првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“ е решен проблемот на шест општини од источниот дел на државата, меѓу кои Штип, Свети Николе, Лозово, Карбинци, Кратово и Пробиштип.

- Ветивме и останавме на ветувањето, изнајдовме средства и во 2007 година го почнавме овој капитален проект. Сите овие години интензивно се работеше на браната и на целокупниот систем за да се изгради во што е можно пократок временски период. Ова е една од најголемите, ако не и најголема инвестиција во источна Македонија во последните 20 години. Со овој капитален проект и изградбата на првата фаза од хидросистемот „Злетовица“ трајно се решава проблемот со водоснабдување на целиот регион, рече премиерот Груевски.

Браната можеше да биде готова уште во 2010 та!

Инаку, првата најава во 2009 та беше дека браната ќе почне со работа од 2010.

„Ако не послужи хидрологијата, најверојатно од март или најдоцна до мај ќе отпочнеме со полнењето на браната и очекувам најдоцна до крајот на 2010 година да имаме полна брана односно полна акумулација“, изјави тогаш Стојан Миланов, директор на ХС „Злетовица“.

Во 2011 та година вештачката акумулација беше речиси целосно завршена и подготвена е да ги прими предвидените 23,5 милиони кубни метри вода, но работата се пролонгираше поради должничко-доверителските лавиринти на неусогласени побарувања и обврски. Главните изведувачи на работите „Бетон“ и „Гранит“ не ја предаваа техничката документација за објектот пред да им бидат префрлени уште 3 милиони евра, пари што дополнително се пресметани за работи што не биле предмет на работа предвидени со потпишаниот договор, пишуваа тогаш медиумите.

Сепак, сега, како што изгледа, работите се средени, и директорот на хидросистемот „Злетовица“ Стојан Миланов оцени дека првата фаза од реализацијата на овој проект е завршена во определениот рок.

Паралелно со изградбата на браната изграден е цевковод во должина од 85 километри до Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, додека за Кратово цевководот е компатибилен и изграден со почетокот на изградбата на браната во 1988 година.

- Првпат во изградба на насипна брана во Република Македонија наместо глинени применето е да се изгради асфалтно јадро што се покажа како добро решение за стабилноста и водонепропустноста на браната, рече Миланов.

Сега почнува втората фаза

Почната е постапката, за втората фаза е почната, а по нејзино завршување веднаш ќе се премине на третата која предвидува производство на електрична енергија што дополнително ќе го подобри енергетскиот потенцијал на регионот и енергетските ресурси на државата, а со тоа, како што информира Владата ќе се комплетира еден од најголемите проекти во изминатите 20 години во Република Македонија.

- Оваа власт, оваа Влада се карактеризира по тоа што прави и спроведува дела и реализира проекти. Не ветуваме напразно, тоа што ќе го ветиме и го исполнуваме. Овој проект беше ветување на сите претходни влади, но ниту една не го заврши, истакна Груевски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски информира дека од кредитната линија останале неискористени уште 4 милиони евра од кои дел се искористија за изградба на филтер-станицата во Пробиштип, за адаптација на филтер-станицата во Штип и за изградба на други објекти со цел да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на вода до крајните корисници и општините.

Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда