Путин има рекордно висок рејтинг во Русија и САД
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2017
Работата на Владимир Путин како претседател на Руската Федерација ја одобруваат 84% од Русите, а незадоволни од неговата работа се 15%, покажуваат податоците од анкетата на социолошката агенција „Левада - Центар", соопшти „Интерфакс".
Во исто време работата на рускиот премиер Дмитриј Медведев ги освои симпатиите на 52% од испитаниците, додека 47% од нив изразуваат незадоволство. Според анкетата руските граѓани подеднакво ги дефинираат активностите на владата - 49% на 49%, наведува агенцијата.
Активностите на Путин ги одобруваат 21% од испитаниците во САД. Само пред две години, во 2015-та, за Путин се изјаснија позитивно 15% од Американците. Наглиот скок се објаснува на прво место со промената на расположението меѓу приврзаниците на Републиканската партија. Во 2015 година само 12% од нив го оправдуваа рускиот претседател, а сега се 32%, или речиси секој трет.
Социолозите забележуваат дека анкетата е спроведена во вториот месец од претседателството на Доналд Трамп и по искажаните намери да ги подобри односите со Москва.