ПУТИН НАЕСЕН ДОАЃА ВО РЕГИОНОТ: Ќе ја посети оваа земја
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2018
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека оваа есен во Србија ќе пристигне рускиот претседател Владимир Путин.
"Претседателот Владимир Путин ќе ја посети Србија на есен. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со кого вчера одржав разговор, ми кажа дека го планираат ова", рекол Дачиќ.
Тој додал дека неговиот руски колега изјавил дека ако форматот на бриселскиот дијалог со Косово биде проширен неговата земја е подготвена да учествува. Дачиќ кажал дека го запознал Лавров со последниот развој на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека тој засега нема да се менува, но и дека преговорите со Приштина ќе се интензивираат.
Дачиќ рекол дека Русија е подготвена да учествува во косовското прашање ако формата е проширена.
Српскиот министер за надворешни работи истакна дека форматот на разговорите за Косово веројатно нема да се промени, но разговорите треба да се интензивираат. "Следната година мандатот на европските официјални претставници ќе истече и тие сакаат да ги решат сите прашања досега, но позициите на партиите не се менуваат", додал Дачиќ.
Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека не ја исклучува можноста за дијалог во Косово не само од Западот, туку и од Русија и Кина.