Путин потпиша, министрите со забрана за пари на странски сметки
Објавено во: Свет 07 Мај, 2013
новиот руски закон со кој им се забранува на министрите да имаат банкарски сметки или берзански инвестиции во странство денеска го доби потписот од претседателот Владимир Путин. Со него се стави забрана за членовите на Владата да отвораат и имаат сметки, да собираат парични средства и да поседуваат акции во странски банки надвор од територијата на Русија. Исто така законот им забрамува и да имаат сопственост или да користат странски финансиски инструменти.
Освен за министрите овој закон важи и за шленовите на нивното потесно семејство, пишуваат руските медиуми.