ПУТИН ПРОФИТИРА ОД КАТАРСКАТА КРИЗА: Како Трамп му помага?
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2017
Американскиот претседател, Доналд Трамп разгорува опасен оган на Блискиот Исток, додека рускиот претседател, Владимир Путин не пропушта прилика да се загрее на него, претворајќи ја Русија во една од одлучувачките сили во регионот, пишува германски „Handelsblat".
Авторот Матијас Бругман наведува дека новата американска администрација само ги јакне позициите на Путин.
Весникот пишува дека сега политиката на Белата куќа многу се разликува од онаа на Барак Обама.
Според него, Вашингтон сега е скаран со Европа, но и со арапските земји.
Во меѓувреме ова му оди во полза на Путин.
Се смета дека сега Русија има клучна позиција во глобалната хиерархија.
Авторот пишува дека Трамп ги поделил и скарал арапските земји.
Тој наведува дека Катар застанал на страната на Москва.
Се укажува дека и Пекинг може да го промени својот став ако САД дефинитивно се откаже од Парискиот договор за климатски промени.
Весникот пишува дека во една ваква ситуација, САД не може да се сврти против Русија кога им треба партнер во борбата против тероризмот.