02 Мај, 2024
0.0552

Путин се „пумпа“ во спортски дух за 2800 евра

Објавено во: Стил 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена се појавија фотографии на рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на земјата Дмитриј Медведев, на кои се гледа како двајцата тренираат во Сочи. Рускиот сајт „Snob.ru“ пресмета колку точно чини облеката на првите мажи на Русија. На сликите Путин е со маичка со V деколте, и во контроверзни панталони. Медведев пак е со црна маица со кружно деколте.

Сивите тренерки на претседателот Путин се покажа дело на италијанската марка „Loro Piana“. Материјалот е комбинација од свила и кашмир, и цената според сајтот на производителот е 1155,89 евра. Горниот дел на Путин е на иста марка со истиот материјал. Цената е 1597,76 евра. Така да само за комплетот без маица цената е 2753,65 евра.

putin vezba

За патиките на Путин веќе може да се каже дека се народни. Марката е „Forward“, руска по народност, а цената на еден пар е 36 евра.

„Snob.ru“ ги забележува и спортските чевли на Медведев. Марката е „Nike“, а моделот - „Air Max 90 CC“. Цената - 125 евра.