Путинов потпис од 5 милијарди евра: S-400 подготвен да полета кон оваа земја
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2018
Русија и Индија потпишаа договор за испорака на ракетниот систем S-400 за Индија.
„Да на маргините на посетата (на рускиот претседател Владимир Путин на Индија)“, одговорил портпаролот на Кремљ Димитриј Песков на прашањето дали е постигнат договор“, пренесе Тасс.
Во пресрет на посетата на Путин на Индија, советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рекол дека договорот ќе биде вреден повеќе од пет милијарди долари, напоменува Ројтерс.
Руската агенција пак наведува дека Ушаков пред новинарите рекол дека резултато од договорот ќе биде Индија да има модерен систем на воздушна одбрана, кој ќе ги надмине параметрите на другите земји со слични системи.