Работа за 2500 бегалци во Европа
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2017
Најголемиот ланец на кафетерии во светот, Starbaks до 2020 година планира да вработи 2500 бегалци во Европа.
Ова е во рамки на глобалната програма за помош.
Сите овие активности се дел од планот за вработување на 10.000 бегалци ширум светот.
Starbaks ќе соработува со агенции кои им помагаат на бегалците во Британија, Франција, Австрија, Португалија, Шпанија, Германија и Холандија.
Се смета дека на овој начин ќе се промени животот на бегалците за кои се вели дека имаат вештини со кои ќе помогнат на западното општество.