РАБОТНА НЕДЕЛА: На Грците им е најтешко, а еве и зошто
Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2018
Во Европската унија најдолга работна недела имаат Грците, а најкратка Холанѓаните.
Нашите јужни соседи работат по 42,3 часа неделно, а Холаѓаните по 30,3 часа.
Според истражување на Еуростат, во 2016 година просечната работна недела изнесувала 37.1 час.
Хрватска има релативно долга работна недела од 39 часа.
Но, оваа земја е шампион во Европа по кршењето на работничките права.
Во Хрватска, Франција, Полска, Шпанија, но и земјите кандидати како Црна Гора и Турција најголем е бројот на работници со несигурен работен статус.
Оваа недела синдикатот во Германија издејствува намалување на работната недела, но и повисоки плати.