18 Мај, 2024
0.0333

Радев: Воинствениот македонизам може да ја дестабилизира ЕУ

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Бугарскиот претседател Руман Радев на денешната конференција по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека Македонија може да го продолжи патот на евроинтеграциите само доколку го искорени „воинствениот македонизам“ и доколку ги интегрира Бугарите во своето општество.

Наспроти ова, се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема - како да го направиме тоа што е можно побрзо да започнат преговори додека во исто време поставуваат јасна бариера со воинствениот Македонизам. Јасно е дека треба да бараме каде нашите интереси да се вкрстат и да бараме компромиси. Но кога зборуваме за компромиси - не можам да направам такви со правата на македонските Бугари.

Нивните права мора да бидат вградени во уставот за да бидат интегрирани целосно во општествениот и економскиот живот на нашиот сосед, а за тоа треба да се стави крај на процесите на дебугаризација. Не можам да направам компромис со нашите историја и идентитет. Исклучително важно – прекин и искоренување на говорот на омраза и се да започне со менување на учебниците. Не можам да прифатам дека помладата генерација кај нашиот пријателскиот сосед е воспитан во духот на омразата кон Бугари. Ова е апсолутно неприфатливо и не можеме да го прифатиме. 

Нема шанси да тргнеме напред ако не се откријат архивите на УДБА. Исто како што сите земји од Источна Европа ја доживеаја својата катарза на раскинување со своето тоталитарно минато, а РСМ не може да не го стори тоа, 

Не можам да направам компромис за нашата одговорност како демократија за иднината на ЕУ. Доколку во моментов некој од нашите партнери не ја согледа длабочината на историскиот проблем и можноста Македонизмот да ја дестабилизира унијата. Треба да се интегрираме како партнери, а не со проблеми, и со тоа да ја покажеме нашата лојалност кон ЕУ, рече Радев.

Бугарскиот претседател е на ставот дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ само откако ќе ги заврши уставните измени.

- Отсекогаш сум велел дека треба да биде со промена на уставот и интегрирање на македонските Бугари. Зошто мислам дека мора да се направи пред тоа? Веќе имаме многу настани и процеси кои не доведоа до губење доверба. Ако во уставот е внесен еден збор „Бугари“, тоа значи дека ја прифаќате европската идеја. Изјавите дека нема 2/3 од мнозинството во парламентот - извинете, ако мнозинството во парламентот не е подготвено да ја прифати Копенхагенската конвенција за правата на човекот, тогаш за што зборуваме?, праша претседателот.

Радев дополни дека услови за деблокадата се и гаранциите за заштита на бугарското културно и историско наследство.Според него, формулата 1 + 5 барање била разбрана од западните партнери и прифатена од нивна страна.


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност