29 Април, 2024
0.0244

Радијацијата од „GSM“ уредите доведува до рак, алармираат научниците

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Меѓународен тим од околу 200 научници објавија отворено писмо до ОН.

Тие апелираат Светската организација да ги прифати основните насоки за заштита од електромагнетно зрачење, кое го емитуваат мобилните телефони, лаптопите, таблетите и други уреди.

Според научниците постојаното електромагнетно зрачење од мобилните уреди може да доведе до рак и често предизвикува невролошки, срцеви и респираторни болести.

Мартин Бланк, поранешен предавач по медицина изјавил: „Сосема грубо кажано, овие уреди им нанесуваат штета на живите клетки во нашите тела и убиваат повеќе луѓе секоја година“.

Микробиолозите додаваат на оваа теза, како и изјавуваат дека радио кулите, кои се одговорни за преносот на мобилни комуникации ја покриваат атмосферата со пелена од електромагнетно зрачење. Научниците тврдат дека тоа директно влијае на структурата на ДНК-та и со неа може да се објасни забележаниот бум во последните години на случаите на заболени од рак.

Според стручњаците најдобар начин за заштита од непотребно зрачење е мобилните уреди да се исклучуваат кога не се во употреба. Жителите на Њујорк, сепак не се согласуваат.

Во своето писмо до ОН меѓународните научниците ги молат членките земји, како и претставниците на Светската здравствена организација да се обрне внимание на проблемот со радијацијата од електронските уреди.

Според групата специјалисти меѓународните институции можат да помогнат, и да дадат препорака за ограничување на количините од електромагнетно зрачење и одржат кампањи за запознавање на јавноста со ризиците од изложеноста на таква радиација.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти