РАЈ ВО ЕВРОПА: Овде минималецот е 2 000 евра!
Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2017
Од вкупно 28 членки на Европската унија, 22 земји имаат пропишана минимална плата.
Минималецот не е пропишан во Данска, Финска, Шведска, Австрија, Италија и Кипар.
Во десет земји на истокот во ЕУ минималната плата е пониска од 500 евра месечно во бруто износ: Бугарија -235 евра, Романија-275-евра, Летонија и Литванија -380 евра, Чешка-407 евра, Унгарија -412 евра, Хрватска -433, Словачка 435 евра, Полска 453 евра, и Естонија 470 евра.
Пет земји имаат минималец помеѓу 500 и 1 000 евра: Португалија-650 евра, Грција-684 евра, Малта -736 евра, Словенија 805 евра, и Шпанија -826 евра.
Во седум земји на северозападна Европа минималните плати се поголеми од 1000 евра месечно: Обединетото Кралство-1397 евра, Франција 1480 евра, Германија 1498 евра, Белгија 1532 евра, Холандија - 1552 евра, Ирска -1563 евра и Луксембург -1 999 евра.
Ако го споредиме движењето на минималните плати од 2008 година, видливо е дека тие растат во сите земји кои имаат пропишан минималец , освен во Грција, каде паднале за 14 отсто.
Најголем раст на минималната плата од 2008 година имала Бугарија -109 отсто, следи Романија со пораст од 99 отсто. а значаен раст имале и Словачка 80 отсто, Естонија -69 отсто, Летонија 65-отсто, како Литванија, во која минималната плата пораснала за 64 отсто.