Рама со Могерини како пред излегување во дискотека, а не на средба со премиери
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2017
Албанскиот премиер Еди Рама на неформалната вечера со високата европска претставничка во Брисел заедно со мандатарот Заев и премиерите од Западен Балкан се појави како за во дискотека.
Додека сите лидери беа „костумосани“ само Еди Рама носеше шик сино сако, како и тренерки, патики и маичка по кратки ракави со принт.
Заев и балканските премиери носеа вообичаени одела, но Рама или не ја добил пораката точно за тоа на каков настан присуствува и кој е дрес кодот, или се брзал за да продолжи со ноќно излегување или намерно го одбра овој стајлинг за медиумите да пишуваат за него колку е тој спонтан, невобичаен и модерен пред претстојните избори во Албанија.