Ранет маж во Германија
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016
Триесет и три годишен глув маж е нападнат со нож и ранет во раката од двајца мажи со маски во Гелзенкирхен, Западна Германија.
Двајцата маскирани напаѓачи избегале од местото со скутер, соопшти полицијата.
Во текот на изминатата недела во Германија беа извршени неколку такви напади од луѓе маскирани како кловнови. Во Гелзенкирхен 14-годишно девојче беше повредено од кловн со бејзбол палка.
Во блискиот град Везел двајца мажи пријавија во полицијата дека кловн им се заканувал со пиштол и нож.
Стравот од овие напади се подгрева на социјалните мрежи, а истото ги зафати во последните недели САД и други земји. Десетици луѓе се жалат дека биле прогонувани или нападнати од кловнови.