29 Април, 2024
0.3287

РАНО Е ДА МИСЛИМЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ - Народната банка не сака да брза со затегнување на монетарната политика

Објавено во: Финансии 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

И покрај високата инфлација, нема да има драстично зголемување на каматните стапки на кредитите оваа година, а со тоа и поскапување на кредитите кои ги користат или планираат да ги земат граѓаните и компаниите.

Вакви се очекувањата на Народната банка на Македонија, на барање на Фактор монетарните власти да дадат оценка дали, соогледнасеповисокатаинфлација и растечките цени на енергенсите и на други производи на светскитеберзи, кои се рефлектираат и во земјава, но и на фактот што не се знае кога ќе прекинат овие процеси, веќе не дојден крај на ниските каматни стапки. Односно, какви се предвидувањата на централната банка за тоа дали годинава ќе растат каматите, и какви се светските процеси што се случуваат на тој план.

Од НБМ признаваат дека подолгиот период на ниска инфлација заврши, и дека и светот, а и земјава, се соочуваат со посилни инфлациски притисоци во овој период.

Неспорно е дека по еден подолг период на ниска инфлација, во текот на оваа втора пандемиска година светот се сооочува со нешто поизразени инфлациски притисоци, главно поврзани со растот на цените на примарните производи и забавувањето на синџирите на снабдување предизвикано од пандемијата. Ние сме мала економија и  увозно зависна, па оттаму глобалните ценовни движења се пренесуваат и кај нас. Според последните  очекувања на меѓународните финансиски институции, во 2022 година и 2023 година би требало да дојде до стабилизирање на цените на примарните производи, а со тоа и намалување на инфлациските притисоци“, објаснуваат од НБМ за Фактор.

Она што е факт, во секој случај, е дека за сите централни банки во претстојниот период главен предизвик ќе биде да се оценат изворите на раст на цените, и ризиците за инфлацијата, а особено врз инфлациските очекувања.

И се разбира, многу е битно какви мерки веќе преземаат или планираат да преземат клучните централни банки, односно американските Федерални резерви ФЕД, како и Европската централна банка ЕЦБ. Засега тие не размислуваат за зголемување на каматите, иако го намалуваат монетарниот стимул.

„Некои централни банки кои се соочија со поизразени инфлациски притисоци веќе и почнаа со постепено намалување на монетарниот стимул. Но, засега тоа е главно преку постепено намалување на обемот на монетарниот стимул. На пример, ФЕД го задржа непроменет распонот на каматната стапка на ниво од 0 - 0,25 отсто, но притоа два пати, во ноември и декември, ја намали динамиката на откуп на хартиите од вредност. Слично, и каматните стапки на ЕЦБ на последниот состанок во декември исто така останаа непроменети, со образложение дека засега тие се конзистентни со очекувањата за сведување на инфлацијата на ниво на тагретот на среден рок, но беа направени промени во однос на темпото на откупот на средства. Следствено на ова, тековните очекувања за ЕУРИБОР-от се дека тој и натаму ќе се задржи во негативната зона, и оваа и следната година“, потенцираат од нашата централна банка.

Всушност, од се она што го прават овие клучни меѓународни институции, може да се заклучи дека тие, и покрај високите инфлациски притисоци, сепак, сакаат да внимаваат со затегнувањата, за да не се задуши економијата, која и онака се уште е под голем ризик од пандемијата.

„Ваквите потези на најголемите централни банки се во согласност со глобалниот консензус кај носителите на политиките и меѓународните институции, дека, доколку се почне со повлекување на монетарниот стимул, тоа треба да се одвива постепено, имајќи ги предвид сеуште присутните ризици околу закрепнувањето на економијата, вклучително и ризиците од пандемијата и новите мутации на вирусот“, објаснуваат од НБМ.

Оттаму, барем според одговорите што ги добивме, би можел да се извлече заклучок дека тие не планираат да брзаат со зголемување на основната камата, која е репер за банкарските камати, и која сега е на историски најниско ниво од 1,25 отсто.

Од НБМ велат дека ова е прва криза во која тие, наместо со зголемување, реагирале со намалување на основната камата.

„Во однос на реакцијата на Народната банка, ова е прва криза во којашто реагиравме со намалување, а не со зголемување на основната каматна стапка, а тековното ниво на основна каматна стапка е најниското коешто сме го имале досега. Ова придонесе и за историско ниски каматни стапки за кредитирање коешто е во функција на поддршка на граѓаните и компаниите, односно за целата економија“, велат од централната банка.

Нагласуваат дека во однос на поставеноста на монетарната политика, таа е условена од макроекономските услови и согледувањата за ризиците.

„Конкретно, треба да се има предвид дека со оглед на монетарната стратегија за де факто фиксен девизен курс, просторот за приспособување на политиката зависи првенствено од два клучни фактора: официјалните девизни резерви и инфлацијата. Девизни резерви во континуитет се одржуваат на адекватно ниво и овозможуваат спроведување на релаксирана монетарна политика, а инфлациските движења внимателно се следат...“, гласи одговорот на централната банка.

Од монетарната власт нагласуваат и дека особено внимателно се следат променитекај увозните цени и факторитекоигипридвижуваат, но и домашните фактори како што е растот на платите, и се прави постојана оценанапотенцијалнитеефекти и ризици.

Доколку се оцени за потребно, Народната банка е подготвена да реагира, користејќи дел од монетарните инструменти кои ги има на располагање“, потенцираат од Народна банка на Македонија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?