05 Мај, 2024
0.0222

Црвени цени на зеленчукот, скопјани и прилепчани ќе скусат од салати летово!

Објавено во: Агробизнис 17 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Статистичкиот барометар и понатаму регистрира само пораст на цените. Најновите податоци за јуни годинава споредено со истиот период лани, покажуваат ново зголемување на цените на дел од зеленчукот на зелените пазари. Од 10 до 15 денари поскапе компирот, зелката, кромидот, морковот, гравот, лимоните. Ова е второ по ред поскапување на дел од овие производи, по зголемувањето на цените во мај годинава. Ваквиот пораст доаѓа само по неколку дена откако статистиката регистраше зголемување на цените на репроматеријалите во земјоделското производство. Најголемо зголемување има на цената на нафтата, минералните ѓубрива, заштитините средства, добиточната храна и нафтата. Според податоците во јуни годинава споредено со истиот период лани, трошоците за земјоделското производство пораснале за 6,2 отсто. Од друга страна податоците покажуваат дека најмногу пораснале трошоците за производство токму на компир, зеленчукот, но и кај овошјето и грозјето. Земјоделците велат токму поради порастот на производствените трошоци, неминовно било и поскапувањето на цените на производите на зелените пазари. - Со вакви скапи репроматеријали, нашето производство е неисплатливо. За еден килограм домати ние трошиме од 18 до 20 денари за килограм, а откупната цена деновиве е околу 8 денари за килограм. Каде е тука исплатливоста, ние немаме никава заработка, дури во зијан сме. Оваа откупна цена ни оддалеку не ги покрива производствените трошоци. Нормално дека ќе има поскапување на цените на производите на зелените пазари, и тоа ќе се одвива етапно. Исто така, како причина за поскапувањето се и поплавите што годинава го зфатија струмичкиот регион. Најголемо поскапување има кај зелката, тој производ беше најпогоден од невремето, вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот Сојуз на земјоделци Дека порастот на цените на земјоделските производи нема да запре, предупредија и агроекспертите. Досега неколкупати статистиката регистрираше зголемување на цените. Според последните податоци, 13,9 отсто поскапеле  земјоделските производи.  И последните извештаји на меѓународните институции предупредуваат дека на светско ниво цените допрва ќе растат.  Организацијата за храна и земјоделство во последниот извештај предупреди дека цените на храната во годините што следат ќе растат од 10 до  40 отсто . Со слично предупредување излезе и Светската банка. Главните причини за порастот на цените според меѓународните институции се климатските промени и зголемената побарувачка за храна, наспорти намаленото производство. На домашен терен, освен зголемените производствени трошоци, последиците од временските непогоди кои годинава удрија по земјоделството, се дополнителна причина за ценовните шокови. Пролетните поплави го уништија родот од зелката, краставиците, пиперките, доматите, во Струмичко. Според статистичките податоци, во јуни годинава се намалиле цените на црешите, праските и бананите. На пазарите на големо, најмногу пораснале цените на компирот, кромидот и зелката, а најмалку на морковот, дињите и бананите. Скопските и прилепските  пазари со највисоки цени Споредено по градови, убедливо највисоки цени на зеленчукот во јуни годинава имале скопските и прилепските пазари. Така во јуни кромидот, краставиците и зелката биле најскапи на пазарите во Скопје, додека најевтини во Куманово, Битола и Штип. Прилепчани купувале најскапи кајсии, домати и компири. Зелените пиперки имале највисока цена на пазарите во Велес дури 67,5 денари за килограм , додека за 31 денар за килограм се продавале во Гевгелија. Јаболката со цена од 80 денари за килограм, биле најскапи во Струмица, а најевтини 27,5 денари за килограм во Куманово.  Иако Струмичкиот регион е познат по производство на лубеници, сепак токму таму цената на овој производ по Куманово, била највисока, дури 41 денар за килограм. Најевтино лубеницата се продавала во Гевгелија. За килограм праски најскапо плаќале струмичани дури 46 денари за килограм , а најефтино ги купувале кавадрачани 32,5 денари за килограм. Ј.С 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?