РАСТАТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Колку е просечната заработка?
Објавено во: Економија 25 Март, 2024
Просечната нето плата во Србија изнесува 818 евра.
Во јануари годинава таа изнесувала 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси 95.836 динари(818 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија. Медијалната нето заработка била 73.733 динари(630 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.
Во однос на истиот месец лани, просечната бруто-плата за јануари е номинално повисока за 15,9 отсто, а реално за 8,9 отсто. Статистиката покажува дека просечната нето-плата е номинално повисока за 15,8 отсто, односно реално за 8,8 отсто.Инаку, Македонија заостанува со висината на платите во однос на регионот.