01 Мај, 2024
0.0285

РАСТЕ БРОЈОТ НА УПРАВИТЕЛИ НА ЗГРАДИ, А ИНСПЕКТОРИ „НИ ЗА ЛЕК“ - Еве колку и каде ги има во цела земја

Објавено во: Македонија 11 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Последниот извештај на Регулаторанта комисија за домување покажува дека во нашата земја бројот на лиценцирани инспектор за домување е премногу мал. Имено инспекторите ги има само во неколку скопски општини, и во поголемите градови од земајва.

Бројките говорат дека има вкупно 14 лиценцирани инспектори за домување, а притоа како што посочува регулаторот, најголем број на општини немаат назначено инспектори за домување.

-  Ваквата состојба ја отежнува работата на лиценцираните управители, како и функционирањето на регистрираните заедници на сопственици, но истовремено се зголемуваат нерегуларностите од страна на управителите, за што укажува зголемениот број на пријави и претставки од граѓаните. Во Македонија инспектори за домување кои имаат Лиценца за инспектор за домување се во општините: Центар, Аеродром, Карпош Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Охрид, Битола, Куманово, Велес, Штип, Гостивар, Струмица и Кичево – укажуваат од Регулаторна комисија за домување во последниот полугодишен извештај.

Податоците покажуваат дека во првите шест месеци во земајва активно работеле 67 компании, правни лица чија дејност е управување со станбените згради.

Притоа, од вкупно 123 правни лица кои се формирале со цел одржување згради од 2010 година наваму, во моментов во регистарот кој што го води Регулаторната комисија активни се 67.

Регулаторите укажуваат дека во последните шест месеци има пораст на бројот на згради кои се управувани од лиценцирани управители и нивниот број достигнува 4.910, со вкупно 117.425 станови и деловни простории.


-  Има значително зголемување на бројот на посебни делови односно станови и деловни простории кои се управувани од страна на лиценцирани управители. Постои тенденција на намалување на Заедници на сопственици на посебни делови, а зголемување на бројот на ангажирање на управители – укажуваат од комисијата.

Најголем број на договори за управување со зградите се во Скопје, Битола, Куманово, Штип, Струмица, Велес и Охрид.

Според податоците од Централниот регистар до средината на месец јуни 2023 година регистрирани се вкупно 2.557 заедници на сопственици, додека до средината на месец декември 2022 година биле 2.655 заедници. Најголем број на регистрирани заедници на сопственици се во Град Скопје, Кавадарци, Тетово, Битола и Охрид. Во општините Валандово, Дебар, Демир Капија, Дојран, Илинден, Јегуновце, Кратово, Маврово и Ростуша, Македонски Брод и Пехчево има регистрирано од една до пет заедници на сопственици.

Вкупниот бројот на станбени згради кои се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесува 7.467 објекти.

П.О.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија