26 Април, 2024
0.0572

Расте цената на нафтата, ќе надмине ли дизелот евро по литар?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Суровата нафта на најголемите светски берзи бележи раст на цената по барел, а во САД е регистрирана највисоката цена на нафтата од 2014 година наваму. Исто така раст на цените има и во Азија каде рафинериите се борат со високите цени на суровата нафта, а не е поштедена ниту Европа.

Овие движење може навистина да го вжештат пазарот сметаат економските аналитичари со оглед на намалената продукција на нафта од страна на земјите производители од ОПЕК кои сега бележат поголеми профити поради растот на цените што е спротивно на кризниот период кога нафтата на светските берзи тонеше со цената.

Ваквите ефекти доаѓаат во најлошо можно време за македонските граѓани кои покрај зголемувањето на цените на малопродажба на нафтени деривати кои се пазарно определени исто така се соочија и со повисока цена од 3,5 денари како резултат на зголемувањето на акцизата за дизел горивата.

Регулаторната комисија за енергетика кон крајот на годинава, како и вчера повторно ги одреди новите максимални цени на малопродажни цени на горивата следејќи ги движењата на светските берзи.

„Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,66%, односно за 1,29% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 28.12.2017 година. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 66,542 $/барел и е за 3,81% повисока од просечната цена на суровата нафта (64,099 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 51,3632 ден/$ и е за 1,54% понизок од курсот на доларот (52,1652 ден/$) по кој беа формирани цените. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 3,5 % или за 20,9 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 4,53% или 24,95 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,71% или за околу 19,68 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,66%“ се вели во образложението на вчерашната одлука на РКЕ. 

Така дизелот за прв пат по подолго време ќе достигне цена од речиси едно евро за литар, а сега се продава за 59,9 денари што е за речиси 5 денари повеќе за помалку од еден месец. Тој ценовен скок се повеќе има опасност да доведе до инфлаторни последици и кревање на цените во транспортот и повеќе производи што ќе удри по џебот на македонските граѓани. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката