18 Мај, 2024
0.0334

Расте интересот за едукативните работилници посветени на женското здравје

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Третата работилница од кампањата „Возврати силно“ тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одржа во управата на Град Скопје. Вработените во општината имаа можност да бидат дел од акцијата на болницата за подигнување на свеста за ракот на дојка. Во текот на овој октомври, „Аџибадем Систина“ со низа едукативни работилници во домашни компании и институции дава придонес во зголемување на гласноста од важноста на превентивните гинеколошки прегледи и самопрегледите на дојка кои жените треба да ги прават редовно. На овие средби се зборува и за важноста на тироидната жлезда, како се третира и кои проблеми можат да настанат доколку има  неправилно функционирање.


Свесни треба да сме во текот на целата година, но овој октомври „Аџибадем Систина“ креираше кампања за зголемување на самосвесноста кај жените за поголемо внимание кон своето здравје. Статистиката покажува раст на бројот на новозаболени од рак на дојка.

На работилницата присуствуваа повеќе вработени во Град Скопје, а средбата ја водеа д-р Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика, д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина, и д-р Александар Бојаџиев, специјалист по гинекологија и акушерство. Низ разговори и отворање на дилемите докторите ги потенцираа ризиците на кои се изложени жените, како тие сами да ги препознаат промените на нивното тело.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија, на ваков начин дава придонес за намалување на бројот на потенцијално заболени и во нашата земја, а на последната работилница Синдикалната организација при Град Скопје на болницата ѝ додели и благодарница за одржувањето поради тоа што со неа се подигнува свесноста за женското здравје и кај вработените од оваа институција.


Во Клиничката болница „Аџибадем Систина “има најсовремена опрема за брза и прецизна дијагностика. Болницата располага со врвна технологија, мултидисциплинарен пристап, врвен и современ третман.

Во текот на месецов ќе има и други вакви работилници. Претходно се одржа една во салата „Јане Сандански“ каде што се дебатираше со младите ракометарки од РК „Вардар“, додека другата беше меѓу вработените во компанијата „Тинекс“.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата