27 Април, 2024
0.1804

Растечки и гарантирани каматни стапки за денарски депозити до 36 месеци

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Охридска банка Сосиете Женерал подготви атрактивна понуда за своите клиенти кои сакаат да штедат во денари и евра. Со Депозит Прогрес клиентите за орочување на средства добиваат растечки и гарантирани каматни стапки во денари и евра согласно избраниот период на штедење. 

Депозит Прогрес е производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал кој на клиентите им нуди можност за избор на различен рок на депозит, гарантирани и фиксни каматни стапки, кои во зависност од периодот на орочување на средствата, прогресивно растат по периоди: за средства орочени на 12 и 24 месеци, каматните стапки растат во четири периоди на секои 3 односно 6 месеци, додека за средства орочени на 36 месеци, каматните стапки растат во шест периоди, односно на секои 6 месеци.

Со оваа понуда, клиентите кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка во последниот период  до 3,25%. Клиентите пак, кои ќе ги орочат своите средства во денари на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка до 4% во последниот период на орочување.  Следствено на тоа, за денарски депозити на 36 месеци, на крајот од периодот клиентите ќе добијат каматна стапка до 4,75 %. Додека пак вложувањата во евра на 36 месеци, добиваат растечка каматна стапка која во последниот период достигнува каматна стапка од 2,75%.

Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, односно 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 6.000.000 денари, или 100.000 евра за девизните депозити.

Дополнително, на клиентите им е на располагање и уникатната услуга на пазарот за осигурување на депозит - Депозит Плус Осигурување, која им овозможува на клиентите да ги осугураат сите денарски депозити.

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk и во сите експозитури на Охридска банка Сосиете Женерал. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“