05 Мај, 2024
0.0234

Растот на основната каматна стапка ќе ги поскапи каматите на кредитите, мерката неопходна заради инфлацијата

Објавено во: Финансии 14 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

По одлуката на Народна банка да ја зголеми основната каматна стапка на 2,5 отсто реални се очекувањата дека ќе дојде до раст и на каматите на кредитите, како на новите, така и на веќе одобрените кредити, велат упатените.

Со завчерашната одлука на НБ, трета по ред во три месеци, основната каматна стапка овој пат се зголеми за 0,50 процентни поени. Минатиот месец, на 14 јуни НБ ја зголеми каматната тапка на благајничките записи за 0,25 поени, а исто толку ја зголеми и на 10 мај.

Високата инфлација дома и во светот, непредвидливоста на состојбите, неизвесноста која ја кочи економијата, но и понатамошните прекини во синџирите на снабдување се дел од причините поради кои НБРМ мораше да преземе мерки за сузбивање на ценовното „цунами“, велат упатените.

-  Гледаме дека работите не се одвиваат онакака како што предвидуваа голем број светски економисти. Инфлацијата продолжи да се зголемува, продолжи растот на цените на основните продукти во светот и кај нас, а и проблемот со снабдувањето и понатаму е присутен. Сите случувања, меѓу кои и војната во Украина, создаваат крајно неизвесен амбиент, при што е невозможно да се прогнозира како ќе се развиваат економиите во следниот период – вели поранешниот гувернер Петар Гошев.

Тој за Фактор потенцира дека ова зголемување на основната каматна стапка било неминовно, со оглед на високата инфлација која беше регистрирана во Македонија за месец јуни.

-  Има опасност од стагфалција кај голем број земји, дури и кај развиените земји. ММФ веќе ги намали прогнозите за раст на светската економија. Со оглед дека причините за високата инфлација која како во светот, присутна е и кај нас, неизбежна беше оваа реакција на Народната банка. Дополнително, се очекува неизвеснсот и во следниот период. Иако имаше очекувања и најави од некои економисти дека цените ќе успоруваат оваа година, сепак, тоа се уште не се случува. Дел од експертите поссочуваат дека може да се очекува нивно стагнирање следната година, но сега веќе се е под знак прашалник – потенцира Гошев.

Поранешниот гувенер исто така дополни дека последната одлука на НБРМ очекувано е да доведе и до зголемување на каматите на кредиите кои граѓаните ги имаат земено од комерцијалните банки, но сепак, до кој степен ќе има раст, Гошев, вели е тешко да се проектира.


-  Очекувано е да има раст на каматите и кај новите и кај веќе одобрените кредити. Со оглед дека имаме кредити со фиксна и варијабилна камата, ова одлука може да предизвика раст на каматите кај варијабилните камати на кредиите. Со мерките кои ги презема НБРМ им испраќа сигнал на банките, но до кој степен тие ќе го следат сигналот зависи од нивните интерни одлуки. Дополнително банките вообичаено имаат различни кредити, повеќе или помалку ризични, и ова може да има уддел во одлуката за раст на каматите на постоечките кредити. Сепак, кај новите кредити, новите задолжувања очекувано е да има раст на каматите. Реакцијата на НБРМ е резултат на тековните случувања е сосема на место, видовме висока инфлација која ја наметна оваа одлука – потенцира Гошев и посочува оти овој пат каматата расте за 0,50 процентни поени, за разлика од минатите пати кога истата се зголеми за 0,25 поени.

Народна банка, во вчерашното соопштение нагласи дека растот на „цените на примарните производи на светските берзи и застоите во синџирите за снабдување, коивлијаат на останатите производи, инфлацијата и натаму бележи нагорни движења, како во светски рамки, така и во нашата економија којашто е во голема мера зависна од увоз. Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки.

Додаваат дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, преку понатамошно зголемување на основната каматна стапка, на седницата на Комитетот било одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,50 п.п., до нивото од 2,5 отсто.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот