30 Април, 2024
0.0381

Растот во Кина намалува, кој добива, а кој губи?

Објавено во: Анализа 12 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Кинеската економија објави дека продолжува да расте со релативно силно темпо, но истото е значително помало од она што беше стандард минатите години. Па така растот на БДП е околу 7,5% што би рекло времињата кога економијата растеше со двоцифрени бројки се веќе минато. Е сега 7,5% за нас можеби се многу високи и во овие дваесет и кусур години недостижни, но за некого тие ќе бидат премалку. Кој ќе има најголем зијан од намалувањето на растот на Кина? Кина е огромен потрошувач на суровини. Според анализите на Морган Стенли, Кина влијае на зголемувањето на побарувачката на суровини од 53 до фантастични 111%. Развиените економии растат со најмногу 3% и тие веќе со години имаат некое предвидливо ниво на потрошувачка. Од друга страна рапидниот раст на Кина влијае многу на маргиналната побарувачка те на новата побарувачка која како што читате е под влијание на растот на Кина. По оваа логика најголем зијан ќе имаат продавачите на суровини. Јужна Африка, Замбија, Чиле и Перу се особено ранливи на оваа ситуација, со оглед на тоа дека огромен број од суровините ги пласираат во Кина. Индија ќе биде добитник Парарелно со ова ривалот на Кина, Индија се очекува да има бенефит од тоа што ќе олабават цените на суровините. Индија е увозник на суровини но нејзиното влијание е значително помало од она на Кина. Што би рекло, на оваа исто така огромна економија ќе и одговара доколку намалувањето на растот на Кина донесе пониски цени за суровини. Паралелно со ова, овие две големи економии и немаат некоја голема надворешно трговска размена, па така ослабувањето на Кина со оглед на тоа дека не е голем трговски партнер не би требало да има посериозни последици. Кинеската економија се трансферира од извозно ориентирана, од економија која растот го базира на инвестиции во потрошувачка економија. Значи сите кои испорачуваа суровини ќе бидат погодени, додека економиите кои се производствено ориентирани од аспект на готови и софистицирани производи може да очекуваат поголем бенефит. Редакција Фактор фото getty images