03 Мај, 2024
0.0254

Разговор со Живко Стефановски, пензионер, маратонец:Страста за спорт никогаш не ме напушти!

Објавено во: Стил 04 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Овој поранешен началник за јавна и државна безбедност на скопскиот маратон во континуитет трча од 2011 година.

„Со спорт, првично со џудо, се бавам  од 1974 година, продолжив со карате, а до ден денес се рекреирам со фитнес и џогирање. Иако имам веќе 56 години немам намера да се откажам од спортувањето. Мислам дека во животот не треба да си поставуваме граници, важен е духот затоа што без него ги нема другите работи. Никогаш не сум толку презафатен, или преморен за да немам време за спортување. Напротив тоа е моето најголемо хоби, можност да се рекреирам, опуштам, едноставно да се чувствувам жив! Спортот ме одржува во форма, физичка и психичка. Но, секако од голема помош ми се прозводите од коноп, посебно црвената и плавата линија кои ги користам веќе една година.  Црвената крема од коноп ја користам пред тренинг, за да ги опуштам мускулите, бидејќи истите се загреваат, се намалува болката и се опушта ткивото. Не предивикува несакано чувство на иритација или црвенило. Ефектот на загревање останува активен долго по нанесувањето. Овој препарат го препорачувам,  бидејќи ефикасно ја отстранува болката во мускулите и зглобовите, ја поттикнува циркулацијата на крвта, ги опушта  мускулите, нема штетни последици по здравјето. Црвената крема од коноп делува пријатно на целото мое тело. Масажата со овој природен препарат е благотворна, освежувачка, а пријатниот мирис овозможува релаксирачко телесно доживување кое опушта. Кожата  брзо го впива, не ја масти и не ја суши. Може да го користат лица кои работат претежно во канцеларија, активни спортисти, повозрасни луѓе и сите оние кои имаат ревматични и дегенеративни заболувања, спортски повреди, остеоартири, намалена физичка активност, оние кои се под стрес“ - вели тој.

2

„Плавата конопна крема ја користам по вежбање, кога имам болки и стегнатост во мускулите или други делови од телото. Бенефитите се големи, а опуштеноста брзо доаѓа. Корисна е за сите оние кои имаат интензивни физички активности, независно дали се професионални спортисти или рекреативци. Јас не планирам да престанам со спортувањето!

3

Би ги советувал сите луѓе што почесто да спортуваат и да одат во природа. Спортувањето е неопходно не само за физичкиот изглед туку и за трајни ефекти понатаму. Поголемо внимание да посветуваме на правилната исхрана, и да инвестираме долгорочно во сопственото здравје. Тие што сакаат да вежбаат нека почнат, резултатите нема да изостанат“ - додава Стефановски.