29 Април, 2024
0.0267

‘Рчењето поопасно од пушење, дебелина и холестерол?!

Објавено во: Стил 12 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

‘Рчењето не е само зафркавање на вашите најблиски, тоа претставува поголема опасност за здравјето од дебелината, пушењето или високиот холестерол тврдат научници од болницата Henry Ford во Детроит.

Новото истражување покажало дека ‘рчењето предизвкува стврднување на два големи крвни садови кои го снабдуваат со кислород мозокот што може да предизвика атеросклероза и бројни васкуларни болест.

‘Рчењето не би требало да се занемари. Луѓето кои ‘рчат би требало да побараат лекарска помош исто како што тоа би го направиле оние кои страдаат од апнеа, висок крвен притисок или други ризични фактори за кардиоваскуларни болести“, рекол водачот на студијата Роберт Деб, хирург оториноларинголог од болницата Henry Ford.

„Нашето истражување е уште една потврда за се поголемиот број на наоди кои покажуваат дека ‘рчењето не е така бенигно како што се мислеше“ додал тој.

Новата студија открила дека на каротидна артерија на оние кои ‘рчат се развиваат опасни промени, а експерти претпоставуват дека ги предизвикуваат трауми и воспалителни процеси кои предизвикуваат вибрации на ‘рчењето.

Научниците веќе со години знаат дека апнеата во спиењето , е пореметување кое се јавува поради колапсот на зрачните патишта во грлото во текот на сонот и предизвикува гласно ‘рчење и паузи во дишењето, поврзани со кардиоваскуларни болести и бројни други сериозни здравствени проблеми. Но изгледа дека васкуларните болести може да почнат со ‘рчењето многу пред да се развие апнеата.

Во својата студија др. Деб и неговите колеги следеле 913 пациенти во период помеѓу 18 и 50 години од 2006 до 2012 година. Ниеден од нив немал проблеми со апнеата. Мерењата покажале дека ѕидовите на каротидната артерија кај оние кои  ‘рчат биле значајно дебели отколку кај луѓето кои не  ‘рчат.

„Здравственото осигурување ‘рчењето воглавно го доживува како козметички проблем па пацеиентите операциите мора да ги плаќаат од свој џеб. Се надеваме дека тоа ќе се промени така да пациентите ќе можат правовремено да добијат лекување пред да се појават сериозни здравствени проблеми“, рекол Деб.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти