27 Април, 2024
0.2132

Реакција на Пивара Скопје АД за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје АД денеска беше информирана дека Комисијата за заштита на конкуренцијата донела одлука дека некои одредби во одредени договори на компанијата се во колизија со Законот за заштита на конкуренцијата.

„Пивара Скопје АД категорично се противи на оваа одлука и ја изразува својата разочараност од неа.

Во изминатиот период Пивара Скопје целосно соработуваше во процесот на утврдување на евентуалниот прекршок и со тоа го потврди својот позитивен однос и волја да се расчистат сите отворени прашања.

Разочарани сме што Комисијата ја донела својата одлука без притоа да ги земе предвид аргументите на Пивара Скопје АД. Дополнително сме разочарани што Комисијата за заштита на конкуренцијата има изречено неразумно висока казна за Пивара Скопје, која не е во согласност со претходната казнена политика на Комисијата и воедно не кореспондира со одамна воспоставените практики на други тела надлежни за конкуренцијата во Европа и пошироко.

Пивара Скопје АД длабоко ги почитува правилата на конкуренцијата и е убедена дека денешната одлука ќе биде понишена од страна на судот, каде што компанијата ќе го изнесе случајот.

Пивара Скопје АД е присутна на македонскиот пазар повеќе од 93 години и во текот на целиот овој период секогаш постапувала во согласност со законите на Република Македонија“, стои во реакцијата на Скопска Пивара испратена до медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“