Реал Мадрид со 2:1 го освои Супер купот на УЕФА
Објавено во: Македонија 08 Август, 2017
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед со резултат 2:1 .
Головите за „Кралскиот тим“ ги постигнаа Касемиро во 24-та.минута и Иско во 52-та минута.
Манчестер Јунајтед со Лукаку во 62-та минута даде гол и го ублажи поразот на 2:1
За Реал Мадрид ова е четврти трофеј во Суперкупот.
Овој голем фудбалски настан беше пренесуван во над 200 земји ширум светот.