19 Мај, 2024
0.0252

Ребалансот носи рекорден дефицит, ќе ја ублажи ли кризата: Почнува расправата

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Почнува расправата за ребалансот на буџетот денеска во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Со ова прекројување на државната каса и новите проекции, прогнозата за пад на БДП се ревидира надолу на минус 4,4 проценти. Расходите во годинешниот буџет со новиот ребаланс се зголемуваат за 162 милиони евра, а приходите остануваат на слично ниво. Приходите се позиционирани на 196, 4 милијарди денари, а расходите се планирани на ниво од 253 милијарди денари.

Поради потребите се зголемува буџетскиот дефицит на рекодни 920 милиони евра или 8,4 проценти од БДП. Владата ќе има потреба да позајми дополнителни 250 милиони евра кои како што рече министерот за финансии Фатмир Бесими ќе бидат од домашно задолжување.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот. Тимчо Муцунски изјави вчера дека амандамните се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста.

Со дополнителните пари ќе се реализираат мерките од четвртиот пакет меѓу кои за Домашната платежна картичка – 1,6 милијарди денари (27 милиони евра). За Државна гарантна шема и царинска гаранција – 799 милиони денари (13 милиони евра). За грантови за игротеки, туристички агенции, ресторани за свадби се предвидени 5,5 милиони евра.

Капитални расходи за годинава се 18,4 милијарди денари, пониски од првичните. 

Експерти за Фактор тврдеа дека нема ризик за Владата да ги обезбеди парите со кои ќе го финансира значајниот буџетски минус до крајот на годината, но можно е економскиот пад да биде уште поголем од очекуваниот, особено ако потрае кризата.

Комисиската расправа може да трае десет дена. После буџетот треба да оди на пленарна седница. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници