28 Април, 2024
0.0277

Редовното консумирање на спанаќ го подмладува мозокот за 11 години

Објавено во: Стил 11 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Конзумирањето на спанаќ со години може да го подмлади мозокот до 11 години.

Зошто е толку важно подмладувањето на мозокот?

Тоа се поврзува со појавата на деменција и разни заболувања на мозокот, кои значително го намалуваат квалитетот на живот. Сеуште не е откриен прехранбен производ, за кој да се знае дека 100% штити од ментални заболувања.

Спанаќот сепак го забавува развојот на менталните заболувања и ги ублажува симптомите при постоење на такви.

Ова го покажува истражувањето на Универзитетот во Чикаго, кој во текот на 10 години истражување на луѓе со ментални заболувања и хранливите навики. Научниците од Универзитетот во Чикаго истражувале вкупно 950 лица на просечна возраст од 81 година, и периодично им направиле 19 тестови за оценување на нивната физичка и психичка функција.

Резултатите од истражувањето јасно покажуваат дека луѓето кои конзумирале „зелен“ зеленчук секој ден, вклучувајќи ја и зелката, имале значително подобри конгнитивни вештини, во споредба со другите.

Уште со трансформирањето во едно од најпопуларните анимирани цртани филмови - „Попај морнарот“, се зборуваше напорно за придобивките од спанаќот. Се разбира, спанаќот не дава таква супер сила, каква што е прикажана таму, но пак има други далеку не помалку важни придобивки за организмот.

попај

Спанаќот е полн со витамини и минерали, кои ја ублажуваат мигрената. Порција спанаќ содржи 24 мг магнезиум и 167 мг калиум. Најдобро е да го јадете суров, да го направите во каша или сок. Спанаќот исто така содржи големо количество калциум и му помага на организмот за градење на здрави коски.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти