Реформаторот Богојески: Круната на 21-от век ќе биде канонизирањето на автокефалноста на МПЦ
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2017
Круната на 21-от век дефинитивно ќе биде канонизирањето на автокефалноста на Македонската православна црква, вели во изјавата за БГНЕС Петар Богојески, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заедничко за двата настани е што Република Бугарија е првата која ги поткрепи, преку признавање на државноста, а сега преку решавањето на конечниот статус на МПЦ - ОА. Крстот кој на себе го зеде БПЦ е благослов од Бога и доказ за неизмерната љубов кон нас христијаните од Македонија. Со оваа одлука на САС на БПЦ се отвара можност, покрај световна и за духовна полнота на Македонците. Нашите предци од денес ќе бидат поспокојни и радосни за исправката на големите историски неправди. Честитка за апостолската храброст на САС на БПЦ и САС на МПЦ, особено на бугарскиот патријарх и македонскиот архиепископ. Неизмерно се радувам што ја имам таа можност да бидам современик на овој настан, на овој ден, ден кој ќе остане запишан со златни букви во македонската и бугарската историја“- изјави Богојески за БГНЕС.
Синодот на Бугарската православна црква одлучи да го прифати предлогот на Македонската православна црква и да даде целосна помош во застапувањето пред останатите помесни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ- ОА.