26 Април, 2024
0.0336

Реформската влада наследува празна државна каса, „сваровски“ судство и партизирана администрација

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„Составот е утврден, Владата ќе биде реформска!“, со овие зборови  мандатарот Зоран Заев го најави составот на новата влада. Комплетниот список со 17 имиња на министри ноќеска беше доставен во Парламентот.

Кои се луѓето од кои идниот премиер очекува дека ќе работат за доброто на граѓаните и за реформи во системот? Од искусни политичари, преку непартиски луѓе, па се до непознати имиња во јавноста.

Жена во одбраната, лекар во здравството

На чело на Министерството за одбрана за прв пат застанува жена. Најголемиот предизвик на Радмила Шекеринска ќе биде да ја внесе Македонија во НАТО.

Министерството за внатрешни работи ќе го води Оливер Спасовски. Тој беше „пржинскиот“ министер токму во МВР, па веќе има стекнато искуство во полицијата. Го чека тешка задача за да ја реформира полицијата и да ја направи професионална, непартиска и да успее да го промени МВРО во МВР.

Од најблиските соработници на Заев, министер ќе биде и Дамјан Манчевски за администрација и информатичко општество. Го доби најосетливиот ресор, во кој ќе бидат потребни многу реформи и непопулистички мерки. Негов предизвик ќе биде да ја департизира администрацијата.

Љупчо Николовски, кој за време на мандатот го водеше земјоделието, сега повторно се враќа во Министерството за земјоделство. Николовски има тешка задача - да ја врати земјата на вистинските земјоделци, сосе субвенциите.

Дипломатијата и надворешната политика му припадна на Никола Димитров. Од преговарач во име на Бранко Црвенковски во спорот со Грција и советник за национална безбедност на Никола Груевски, до министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев. Добива „тежок“ ресор. Името и влез во Европската Унија се вечната тема за Македонија, за кои никако нема завршница.

На чело на Министерството за образование застанува универзитетски професор. Заев ја предложи Рената Десковска да раководи со овој ресор, а првиот чекор кој СДСМ вети дека ќе го исполни со стапувањето на власт е укинување на екстерното образование.

Социјалата ја доби Мила Царовска, која беше претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. Царовска ја чека напорна работа со сиромаштијата, маргинализираните групи, а во нејзиниот ресор е и армијата од пензионери.

За финансиите ќе се грижи Драган Тевдовски, вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. Тој ќе ја наследи испразнетата државна каса. Го очекува тежок период и долг список на кредити со кои е задолжена земјава.

За министер за транспорт и врски е предложен Горан Сугаревски. Тој беше еден од најактивните и најбунтовните пратеници во претходниот парламентарен состав. А, сега неговата енергија треба да ја насочи во изградба на патишта без провизии и градби без корупции.

По долги години министерување на Канчевска-Милевска, на нејзино место ќе дојде Роберт Алаѓозовски, кој беше претседател на Комисијата за култура во СДСМ. Ќе биде под силен притисок од јавноста за судбината на проектот Скопје 2014.

За министри без ресори тој ги предложи мандатарот се: Кочо Анѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Зорица Апостоловска, Самка Ибраимовски и Зоран Шапуриќ.

На местото на Никола Тодоров доаѓа доктор Арбен Таравари, невролог на Клиниката за неврологија во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар во здравството најдобро ги знае симптомите кои треба да се зафати да ги лекува, оти тоа е најчувствителната тема која ги засега сите граѓани.

Градоначалникот на Липково, е предлогот на Ахмети за министер за екологија. Садула Дураку во времето на владата на Црвенковски беше министер за земјоделство, а сега ќе треба да се грижи и за природата и за здравјето на луѓето.

Од најмалку познатите ликови, а кој ќе треба да расчисти со „сваровски“ судството е Билен Салиу од ДУИ. Судовите, обвинителствата и законите  се задолженијата на новиот Министер за правда.

Министерството за економија ќе му припадне на Куштрим Бектеши. Хазби Лика е предложен за вицепремиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции и Рамиз Мерко, кој два мандата беше градоначалник на Струга, сега ќе биде министер без ресор.

Засега непознато останува името на идниот министер за локална самоуправа кое му припадна на НДП.

БЕСА реши да не учествува во владата, оти мандатарот не ги прифатил нивните принципи, меѓу кои спорен се сметаше редефинирање на државата. Претседателот Биљал Касами на прашањето дали ќе гласаат за новата влада, одговори: „како што тргнале со вакви предлози од ДУИ, не знам какви ќе бидат другите, тешко“.

Лидерот на СДСМ најави дека ќе прати писмо со барање до Специјалното јавно обвинителство за одговор дали за него или за кој било член од неговиот кабинет се води кривична постапка.

„Ако во иднина се покаже, не само во СЈО, туку и во идното Јавно обвинителство ослободено од партиските стеги, дека ќе се води кривична постапка за кој било член на владата, тој повеќе нема да биде во кабинетот“, рече мандатарот.

Но, тој додаде дека остануваат конструктивна опозиција и ќе ја поддржат секоја иницијатива што ќе биде во полза на Албанците и државата, а во насока на имплементација на потребните реформи.

Заедно оваа владина коалиција ќе има поддршка од 62 пратеници во парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери веќе ја закажа седницата. Дебатата во Собранието ќе трае најмногу два дена и до полноќ се гласа за владата во целост.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“