29 Април, 2024
0.0939

ДУРИ 488 МИЛИОНИ ЕВРА - толку пари лани завршиле кај фирмите преку поврат на ДДВ, голема улога игра дигитализацијата

Објавено во: Финансии 05 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 отсто повеќе во однос на 2020 година и 20,8 отсто доколку споредиме со 2019 година, соопштија од Министерството за финансии. 

Односно, како што велат, кон фирмите во Македонија по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година. 

Дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарди денари.

Гледано во апсолутен износ повратот што е извршен во 2021 година е повисок во споредба со претходните години кога биле вратени 397,4 милиони евра во 2020, 403,9 милиони евра во 2019 година, 375,8 милиони евра во 2018 година, 315 милиони евра во 2017 и  280 милиони евра во 2016 година.  

„Ова е значајна поддршка за компаниите особено во време на криза предизвикана од Ковид 19 чие влијание се уште се чувствуваше во економијата во 2021 година и на која и беше потребна поддршката што беше спроведена и преку реализација на шесте пакети антикризни мерки“, велат од МФ.

Додаваат дека повратот во текот на 2021 година се вршел тековно и навремено. 

„Во таа насока придонес дава големиот процент на дигитализација на процесот, а дополнително влијание на ефикасноста на извршување на повратот на ДДВ, на што се работи во моментов, ќе даде тоа што тој процес целосно ќе се автоматизира.

Вршењето на повратот на ДДВ редовно и навремено кон комапниите во домашното стопанство има значење за нивната ликвидност и конкурентност“, потенцираат од Финансии.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?