27 Април, 2024
0.0417

Ремедика прослави осум години постоење

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Осум години постоење денеска прослави првата општа приватна болница во Македонија, Ремедика. Љубилејот е обележан со кампања за подигање на свеста за крводарителството, предводена од ракометарите на Mеталург и Црвениот крст под мотото „Супер е да си млад, кул е да си хуман“. Според Елица Јорданова, генерален менаџер на Ремедика, да се биде лидер во сегментот на здравството за нив е голем предизвик, бидејќи поставувањето стандарди зависи од самите нив, како првенци во делот на приватните општи болници. -Осумката како бројка значи многу. Осмата годишнина значи заокружување на една целина, а симболично, вториот круг од осумката затвора и втор развоен инвестициски круг на Ремедика. Станува збор за проектот на Министерството за здравство и на Ремедика за изградба на заеднички објект кој е прв проект од ваков тип во државата, а пуштањето во употреба го очекуваме до крајот на годината. Ремедика успешно го спроведе и процесот на сертификација во октомври 2012 година, со што Ремедика е прва сертифицирана општа болница во Македонија. Изразено во бројки, тоа се повеќе од 100.000 пациенти кои поминале низ Ремедика, на кои биле дадени разновидни медицински услуги. За нас бројките се само доказ дека сме на вистински пат во нудењето квалитетна услуга“, вели Јорданова. Медицинскиот директор на болницата, Андреја Арсовски, најави дека почетокот на деветтата година од постоењето на Ремедика ќе биде во знакот на активности кои ќе бидат насочени кон превенција од заболувања. -Оваа година се насочуваме на проблемите поврзани со сколиозата. Истражувањата што ги правиме низ општините во Македонија ни дозволуваат да креираме вистинска слика за проблемите со сколиозата и несвесноста на населението. Се надеваме дека ќе направиме голем чекор напред во поглед на свеста дека превенцијата е најдобар лек за секоја болест“,вели Арсовски.  

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“