18 Декември, 2017
0.3832
    ALK 7300    -0.06%     GRNT 766.8    0.58%     KMB 2705.47    0.2%     MPT 27000    0%     OHB 4800    0.67%     PPIV 38000    0%     RZLV 44    -2.22%     RZUS 107    -0.82%     STIL 128.98    1.56%     TPLF 1489.75    -0.68%     TTK 839    1.25%     UNI 1870    0%     USJE 23500    2.17%     ZILU 155    2.65%

Ремек делo на Леонардо да Винчи ќе се продаде за рекордна сума

Објавено во: Стил 11 Октомври, 2017

„Спасителот на светот“, една од преостанатите дваесетина слики на легендарниот ренесансен сликар Леонардо да Винчи наскоро ќе се најде на аукција при што се очекува да достигне сума од рекордни 100 милиони долари што ќе бидат потрошени за едно уметничко дело. 

Сликата која е во сопственост на приватен колекционер од Европа ќе се продаде во Њујорк на 15 ноември на аукција која ја организира Кристи. Спасителот на светот се проценува дека датира од почетокот на 16-от век, најпрво била во сопственост на кралот Чарлс Први, потоа во 18 век повторно била продадена, за во модерното време да се појави во 20 век кога ја купува американски колекционер. Историјата на сликата продолжува откако нов колекционер ја презема сликата во 2005 година со намера да ја реставрира. Процесот траел околу 6 години по што експерти ја повтрдуваат нејзината автентичност.

„За експертите за аукции, ова е Светиот грал“, рече на медиумското претставување на сликата Лоик Гоузер од аукциската куќа.

Сликата пред аукцијата ќе биде изложена во Хонг Конг, Сан Франциско и Лондон, од каде патува за Њујорк, каде што јавноста ќе може да ја види пред аукцијата.

На истата аукција на 15 ноември ќе биде понудена и сликата “Sixty Last Suppers” на американскиот поп артист Енди Ворхол, која е сочинета од 60 репродукции на „Последната вечера“ на Леонардо да Винчи, а се проценува на 50 милиони долари.


Можеби ќе ве интересира

Во Спомен-куќата на Мајка Тереза, изложба „Животното дело на Тоше“

Во Спомен-куќата на Мајка Тереза, изложба „Животното дело на Тоше“

Хуманитарна акција на Фчерашни: Да и помогнеме на Силвана Бонева!

Хуманитарна акција на Фчерашни: Да и помогнеме на Силвана Бонева!

ТЕТОВАЖИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ: Бурми, ноти и симболи посветени на децата

ТЕТОВАЖИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ: Бурми, ноти и симболи посветени на децата

ИНТЕРВЈУ ЈАНА СТОЈАНОВСКА: Загубата на татко ми ми беше шок на 13 години

ИНТЕРВЈУ ЈАНА СТОЈАНОВСКА: Загубата на татко ми ми беше шок на 13 години

Генијален трик – Повеќе нема потреба од пеглање на облеката

Генијален трик – Повеќе нема потреба од пеглање на облеката

Предупредување - Овој уред никако не го вклучувајте на продолжен кабел

Предупредување - Овој уред никако не го вклучувајте на продолжен кабел

Суровата храна е здрава: мит или вистина

Суровата храна е здрава: мит или вистина

Aко уште не сте успеале можеби ве „кочи“ некоја од овие 13 навики

Aко уште не сте успеале можеби ве „кочи“ некоја од овие 13 навики

(ФОТО) ПЛАНЕТАТА СЈАЕ ВО ПРАЗНИЧНА ТРЕСКА: Најубаво украсени градови ширум светот!

(ФОТО) ПЛАНЕТАТА СЈАЕ ВО ПРАЗНИЧНА ТРЕСКА: Најубаво украсени градови ширум светот!