02 Мај, 2024
0.0246

Рецепт: Магична напивка за заштита на срцето

Објавено во: Стил 07 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа е рецепт за сеопфатно лекување на организмот. Тој придонесува за прочистување на црниот дроб и крвните садови, буквално го зголемува имунитетот, ве штити од срцеви напади и за него се смета дека може да помогне во лекувањето на рак. Еве како да си го приготвите овој магичен еликсир на здравјето.

Потребни состојки:

15 лимони 12 главици лук 1 килограм мед 400 грама пченични зрна 400 грама ореви

Начин на приготвување:

Ставете ги пченичните зрна во стаклена тегла, и наполнете ја теглата со вода. Покријте го садот со газа и оставете го 12 часа. Потоа исцедете пченични зрна и оставете ги на собна температура. Следниот ден ќе забележите дека тие ќе почнат да 'ртат. Истурете ги во блендер и со нив додадете ги претходно излупениот лук и оревите. Смелете го сето тоа до добивање на хомогена смеса. Истурете ја смесата во посебен сад. Темелно измијте 5 лимони и пресечете ги.

Истурете ги во блендер и со нив додадете свежо исцеден сок од 10 лимони. Мешајте ги производите до добивање на хомогена смеса. Додаде ја смесата, заедно со медот, во пастата од лук, ореви и пченица и добро промешајте ги состојките со помош на дрвена лажица. Истурете го добиениот производ во посебен сад со херметичко затворање и чувајте го на суво и ладно место.

Начин на употреба:

Конзумирајте од 1-2 лажици од мешавината 30 минути пред секој оброк (3 пати дневно) до трошење на подготвената смеса.