05 Мај, 2024
0.0224

РЕЦЕПТ: Со брзо и ефикасно решение победете го лошиот здив

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Непријатниот здив знае да не воведе во непријатна ситуација и да ни ја намали самодовербата.

Со овај рецепт за кратко време ќе го решете овој проблем, а ефектот ќе го почуствувате веднаш.

Потребни состојки:

  • ½ мала лажичка цимет во прав
  • ½ голема лажица мед
  • 2 лимони
  • 200 мл топла вода

Подготовка:

Во еден сад ставете ги циметот и медот и прелијте ги со 200 мл топла вода. Мешајте додека медот не се растопи и потоа додаjте го сокот од лимон. Измешајте ја целата смеса уште еднаш, префрлете ја во тегла со капак и ставете ја во фрижидер. Со течноста темелно исплакнете ја усната шуплина и не плукајте ја бидејќи истата е многу хранлива. Постапката повторете ја кога и да сметате дека ви е потребно.

Примена:

Циметот и лимонот ја дезинфицираат усната шуплина и ги убиваат бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба, а медот ѝ дава на течноста пријатен вкус.