04 Мај, 2024
0.0230

(РЕЦЕПТ) Со ефикасна диета од тиква намалете ја тежината за 10 килограми

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Есента е сезона за тиквата.Тиквата ја поттикнува работата на цревата, ги зајакнува нервите и притоа има малку калории.

Таа има се на се 30 калории во 100 грама, може да се подготвува на безброј начини и е одличен избор за оние што сакаат да ослабат.

Со оваа диета можете да ослабите од шест до десет килограми за две недели.

 Мени за 4 дена

 Прв ден

Појадок: варена тиква со морков и сок од лимон и каша од варена тиква со додаток на житарици.

Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид и малку компир), 150 грама пилешко филе и парче интегрален леб.

Вечера: тиква печена во релна.

Втор ден

Појадок: каша од тиква, шолја немасен јогурт и една интегрална кифла.

Ручек: крем супа од тиква и рижото од тиква и печурки.

Вечера: 150 грама овошје по избор.

Трет ден

Појадок: каша од варена тиква и едно варено јајце.

Ручек: супа од зеленчук со тиква и мусака од тиква и мелено месо.

Вечера: две парчиња тост и салата од печена тиква со ананас.

Четврт ден

 Појадок: две парчиња солена пита од тиква и шолја немасен јогурт.

Ручек: крем супа од тиква, гулаш од тиква (се подготвува како и секој гулаш, само што наместо месо се става тиква) и парче интегрален леб.

Вечера: тиква печена во рерна.