26 Април, 2024
0.0283

РЕВИЗОРИТЕ ОТКРИВААТ: ДИК и преклани си поделиле по пет плати

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Низа неправилности во работата на Државната изборна комисија регистрира Државниот завод за ревизија проследени со неповолно мислење на ревизорите за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за членовите во оваа институција.

Имено ревизијата открива дека и во  2016 година членовите на ДИК си поделиле 104 илјади евра или по пет плати и од 1 до 3 плати добиле стручните служби за успешно завршени предвремените парламентарни избори.

Диковци не го почитувале ниту Законот за јавни набавки во процесот на доделување на договорите па така за спроведување на предвремените парламентарни избори во странство ДИК склучил договор од 400 илјади евра со фирма која организирала авионски превоз и хотелско сместување за членови на избирачки одбори. Она што е шокантно е дека фактура на 300 илјади евра била платена предвреме, два дена пред да се одржат изборите, со збирен износ, без податоци за лицата кои ги користеле овие услуги.

„Наведените состојби не се во согласност со член 31 став 2 точка 24 од Изборниот законик и имаат за ефект неможност од потврдување на начинот на примена на критериумите за утврдување на висината на искажаните расходи.“-заклучуваат ревизорите.

Во истата година иако со буџетот не биле планирани расходи за патни трошоци, тројца членови на ДИК се офајдиле со 30 илјади евра зашто живееле надвор од Скопје, а парите биле исплаќани од повеќе други ставки.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката