28 Април, 2024
0.0247

Рибокрадци на Црн Дрим

Објавено во: Агробизнис 12 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

За време на контролата која рибочуварската служба од Струга и Државниот инспекторат за земјоделие од Охрид,  ја направи вчера на течението на река Црн Дрим,  кај с. Добовјани биле забележани повеќе лица кои се имале недозволени риболовни средства покрај реката. За настанот е известена полициската станица во Велешат, од каде било интервенирано и се работи на откривање на прекршителите, пишува порталот Охридњуз. При контролата по течението на Црн Дрим на потегот помеѓу селата Враништа и Ложани, затекнато било лице од с. Враништа како се движи со недозволен риболовен алат – мрежа сертме, кое средство му е одземено од страна на рибочуварската служба и предадена на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид за понатамошна судска постапка. Од Државниот инспекторат за земјоделие во Охрид, апелираат до риболовците дека и во иднина ќе вршат строги контроли и дека нема да се толерира никакво отстапување од Законот, односно нема да се толерираат риболовци без риболовна легитимација и дозвола, а риболов со недозволен риболовен алат најстрого ќе се санкционира.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади