26 Април, 2024
0.0316

РИЗИЧНА 2017-та: Период на геополитичка рецесија-Што предувидуваат експерти?

2017 година е најризична во политичките односи за последните 70 години

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Промената на курсот на развој на САД под крилото на Доналд Трамп, кинеската желба за проширување на влијанието и загубните позиции за германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја направат новата 2017 година „најнестабилната“ политичка година од Втората светска војна наваму, сметаат од Eurasia Group .

„Во 2017 година влеговме во период на геополитичка рецесија“, сметаат од компанијата со седиште во Њујорк, пренесува Bloomberg.

Откако Трамп ќе биде инаугуриран, меѓународната економија нема да може повеќе да се потпира на САД и да го црта патот на развој, сметаат од компанијата која им дава совети на инвеститорите во врска со политичките ризици.

Сигналите кои ги праќа Трамп за затоплување на односите со Русија, скептицизмот кон НАТО, како и фактот дека неговите идеи се совпаѓаат со оние на европските партии кои се против статус кво (на пример, Националниот фронт во Франција), би довело до слабеење на „најголемата воен алијанса, која го штити светскиот поредок“, се наведува во извештајот на компанијата.

Предупредувањата кои се упатени во него, имаат за цел да потсетат на опсегот од заканите за стабилноста во 2017 година, кои се движат од изборите во Германија, Франција и Холандија и британското планирано излегување од ЕУ, до проблемите во земјите во развој како Бразил и бегалската криза .

Сепак САД можеби ќе успеат да ги зајакнат своите позиции, смета претседателот на „Eurasia Group“ Јан Бремер.

„Може да станеме сведоци на најлошата година  во геополитичка смисла во последниве децении и покрај тоа инвестициите во САД и силата на доларот да продолжи да расте“, изјавил тој во интервју за „Bloomberg Television“.

Тој смета дека планираната промена на лидерската позиција во Кина може да јаги втурне претседателот да реагира остро пред предизвиците на надворешната политика, што би довело до заострување на тензиите меѓу САД и Кина. За да се задржи внатрешната стабилност на земјата, Дзинпин во случај на знаци за економски проблеми може да претера со мерките за справување со нив. Тоа, од своја страна, ќе доведе до ризик од нови балони или од премногу строга контрола на капиталот.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, која ќе се стреми да биде реизбрана наесен, ќе се соочи со проблеми предизвикани од Brexit, грчката должничка криза и „постојано авторитарниот“ турски претседател Реџеп Ердоган, кој и се заканува Европа со раскинување на договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција.

„Eurasia Group“ смета дека постојат и други опасности како:

- Недостаток на економски реформи на глобално ниво. Можно е само Кина да е не вистинскиот пат, а и други големи држави како Италија, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција и Велика Британија да се во застој;

- Политичарите ќе ги обвинуваат централните банки, вклучувајќи и ФЕД, за економските проблеми. Слични напади доведуваат до ризик за меѓународните пазари;

- „Лов на вештерки“  против членови на опозицијата во Турција и се поголема контрола над турската влада и медиуми од страна на Ердоган. Постои опасност од притисок врз Турската централна банка да одржува ниски камати, а исто така и да се потпира во сè поголема мера на фискални стимулации за постигнување на раст;

- Нуклеарната програма на Северна Кореја. Благодарение на неа азиската држава би можела да се здобие со 20 атомски бомби. Паралелно со тоа таа развива технологија која би ја дозволила да нанесе удари по Западното крајбрежје на САД.

Евентуална изборна победа на Марин Ле Пен на претседателските избори во Франција би била најголем политички ризик за Европа, и врските во ЕУ и еврозоната се во процес на бавна дезинтеграција, изјавил во интервју за Bloomberg Television професорот по економија од Њујоршкиот универзитет Нуриел Рубини.

„Ако Марин Ле Пен дојде на власт во Франција, ако анти-ЕУ партија победи во Италија, тоа би било почеток на крајот на Европа и на еврозоната“, додава тој.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти