Рохани, верниот сојузник на Кастро, жали за неговото заминување
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2016
Иранскиот претседател Рохани е еден од ретките актуелни светски лидери кој отворено жали за смррта на кубанскиот политичар Фидел Кастро со оглед на тоа што многу од западните земји се уште имаат рестриктивна политика кон Куба, а оваа карипска земја има мал број на сојузници меѓу кои е и Иран.
– Додека угнетените земји во светот патат поради кршење на основните човекови права како мирот, слободата, правдата, за среќа постојат слободни луѓе и борци кои не се откажуваат, се вели во писмото на Рохани кон Кастро, кои се сретнаа во септември.
Претседателот Фидел Кастро изгради комунистичка земја во непосредна близина на САД во втората половина на 20.век, и затоа важи за еден од најголемите политички лидери. Почина на 91 година.