Добивај вести на Viber
Хакерска мрежа која оштетила американски граѓани за четири милиони долари е разбиена во Романија. Обвинителите од Дирекцијата за истрага на организираниот криминал и тероризам денеска извршиле 27 рации во Букурешт и седум други окрузи на лица, осомничени за информатички измами. Се претпоставува дека тие измамиле сто американски државјани преку организирањето на лажни продажби преку Интернет. Штетите се проценуваат на четири милиони долари. Истрагата е остварена во соработка на службеници на ФБИ и на американската тајна служба „Сикрет сервис“.