07 Мај, 2024
0.0246

Роналдо ако си отиде од Реал Мадрид ќе ги сруши сите транфер рекорди

Објавено во: Стил 17 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо откако ги освои сите можни трофеи со кралскиот клуб е речиси решен да направи трансфер во нова средина. Ова доаѓа по тешката сезона во која често фановите немаа разбирање за неговата физичка подготвеност и го исвиркуваа иако тој се докажа дека е врвен голгетер и посветен на белиот дрес. 

Доколку дојде до трансфер на Кристијано Роналдо Реал Мадрид може да заработи неверојатни 400 милиони долари. Сега прашањето е кој е подготвен да ја плати оваа астрономска сума која е невидена досега во фудбалскиот свет, но веќе има кандидат во најбогатите клубови како Манчестер Сити, ПСЖ и Челси.