29 Април, 2024
0.0249

РСС:Лажните вести и нелегалната миграција - главни безбедносни предизвици во ЈиЕ

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Лажните вести во огромна мерка придонесуваат за говорот на омразата и долеваат масло во огинот на национализмот и насилниот екстремизам, а голем предизвик е и нелегалната миграција – беше порачано на денешната безбедносна конференција во Трст, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС).

На Конференцијата наречена „Регионален одговор на безбедносните предизвици во Југоисточна Европа“, организаторите презентираа податоци според кои лажните вести придонесуваат за радикализација на младите во регионот, бидејќи повеќе од 22 отсто од младите на возраст помеѓу 17 и 24 отсто не се школуваат, ниту на кој било друг начин се оспособуваат или усовршуваат, но затоа, дури 90 отсто од нив го минуваат времето на интернет. Благодарение на тоа говорот на омраза поттикнат од лажните вести доминира пред се на социјалните мрежи.

Во врска со нелегалната миграција, од РСС порачаа дека е потребен регионален пристап за решавање на проблемот и дека токму затоа силно е поддржана и се работи на безбедносната компонента од Берлинскиот процес, т.е. се работи на засилување и зацврстување на соработката и на партнерствата во ЈИЕ.

На Конференцијата организирана од РСС со помош и на италијанското Министерство за внатрешни работи учествуваа претставници на безбедносни агенциии или други институции од 13 земји од ЈиЕ, а на учесниците со вооведно обраќање им се обрати и министерот за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата на РСМ Роберт Поповски. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг